Со експресна брзина се пренесе веста за активирањето на вулкан во Македонија и за неговот „гаснење“ со пожарникари.
Медиумите од регионот известуваат за тоа, но и за фактот дека „вулканот што се активирал“, во Македонија тргнале да го гаснат со противпожарната единица од Охрид.
„Минијатурниот вулкан Дувло во селото Косел во близина на Охрид, од утринава е мирен, нема чад нуту загревање на земјиштето, изјавил Стефан Димовски, портпарол на полицијата во Охрид за агенцијата Бета, додавајќи дека нема место за страв и паника.“.
Според неговата изјава на местото каде што е вулканот дошла противпожарна единица, вака денеска известува српскиот весник „Политика“ за вулканот во Косел
– Нашата екипа е на терен, но превентивно бидејќи немаше потреба за интервенција. Вулканот реагира на временските промени“, изјавил дежурен службеник во противпожарната сллужба во Охрид, за порталот на српскиот „Блиц“.
И порталот на Б92 известува за паниката во Охридскиот регион.
Хрватскиот „Вечерњни лист“ пишува: „Пожарникарите излегоа на терен, но немаше потреба за интервенција„ во текстот со наслов „По земјотресот и поплавата, во Македонија се активирл и вулкан“.
Порталот „Тпортал.хр“ исто така ја пренесува изјавата на противпожарната служба во Охрид дека нивната екипа била на терен, но немало потреба да се интервенира.
Српскиот „Телеграф“ пишува: „Охридските пожарникари излегоа на терен, бидејќи било забележано дека од вулканот избива густ чад“ .
Со слична вест оди и порталот на Радио Сараево, кој пишува: „Заради активностите на вулканот прогласена е вонредна состојба во сите надлежни институции“.
Според изјавите на експертите, чадот во Косел воопшто не е поврзан со активирање на вулкан.