ФОТО: Споменик на политички прогонувани лица поставен во Гевгелија

Од:

Мермерна плоча со шеснаесткракото сонце на Вергина и територијалните делови од распарчувањето на Македонија со Букурешкиот договор со лавче на средината – симболот на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, никна пред влезот на Народниот театар во Гевгелија во спомен на политичките затвореници од гевгелиско прогонувани 1945-1990 година.

Спомен-плочата ќе биде свечено отворена денеска напладне со пригодна програма во организација на Општина Гевгелија, која го финансираше целиот зафат со 300.000 денари како дел од програмата за културно наследство на општината за 2013 година.

gevgelijjaSpomenikPolProgon (1)

Автор на споменикот е Љупчо Ефтимов. Ова е втор споменик од ваков вид во државата, по откривањето на првиот таков споменик во Радовиш, кој епоставен по иницијатива на Здружението на политички прогонувани, затворани и осудувани за идеите за самобитност на македонскиот народ и неговата државност.

Инаку, програмата за културно наследство на Општина Гевгелија постои како буџетска ставка веќе осум години по ред и во неа е содржана проектната желба, која ја изгласале  три различни состави на Советот на општината. Во сите изминати седум години беа предвидени истите ставки за изработка на бисти за истакнатите здравстени, културни и историски личности, кои го вложиле целото свое професионално битие за доброто на заедницата, како што се д-р Александар Сингер, познатиот поет и хавајски гитарист Илија Џаџев и легендарниот војвода Леонид Јанков, опеан во народната песна „Трбатрби гевгелиско“.

gevgelijjaSpomenikPolProgon (3)

И, иако ваквата програма се изгласува веќе три советнички мандата по ред, а не се спроведува, а средствата од буџетот по ребалансот се пренаменуваат за други буџетски потреби, со необична брзина на чело на приоритетот во реализацијата за  годинава излезе изградбата на спомен-обележје на политичките затвореници 1945-1990 година.

Како се одлагаат и пренасочуваат средствата од докажаните историски личности, хуманитарни дејци, а на површина излегоа безимените жртви на политичкиот прогон?

Кој ги идентификува вака експресно? Комисијата за лустрација? Старите списоци на УДБА? Ја презема ли Општината на овој начин неовластено улогата на рехабилитатор на идентитети за кои и судските органи го немаат кажано конечниот збор, тогаш или сега со новите законски прописи во државата.

На свеченото отворање на споменикот денеска се очекува да присуствува и претседателот на Здружението на политички прогонувани, затворани, и осудувани за идеите за самобитност на македонскиот народ и неговата државност, Никола Андонов.

А.Д.

Би можело да ве интересира

Возач на Итна помош истепал лекар во Гевгелија

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација

Струмичанец со своето возило удрил во паркиран автобус и починал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штрковите во Гевгелиско колабираат и дехидрираат поради топлото време

A1on