(ФОТО) Спасовски: Промени за нова Влада која ќе им служи на граѓаните

Од:

Оливер Спасовски, генерален секретар на СДСМ, денеска оствари повеќе средби со граѓаните на Свети Николе и населените места во светиниколско.

Граѓаните се пожалија на лошите услови за живот. Во Црнилиште мештаните пратија силна порака до Груевски дека дојде времето тој да си замине од власт за да се спаси Република Македонија од понатамошното тонење.

Ние во околината на Свети Николе многу добро ги знаеме лагите на оваа власт. Власта го донесе Субрата Рој од Индија, му дадоа земја и ветуваа дека за година и пол ќе има 20.000 крави, 900 вработени….Ништо нема од тогаш, се излажаа. А и тој Субрата се виде каков мутаџија е, рекоа жителите.

Спасовски рече дека оваа власт го покажа вистинското лице и дека не може да и се верува. Особено после објавувањето на мега скандалите поврзани со врвот на власта и премиерот Никола Груевски.

-Граѓаните, вие сте пред се. Држава без народ не е држава. Луѓето ја напуштаат нашата земја оти лошо се живее а власта вели дека се е розево. Тоа мора да го промениме. Владата на СДСМ ќе биде влада која ќе им служи на граѓаните, рече Спасовски.

Враќање на евтината струја, намалување на радиодифузна такса за 30% а за социјалните случии укинување на оваа такса, правична расподелба на земјоделкото земјиште, усогласување на пензиите на секои 3 месеци, пензија усогласена со потрошувачката кошница, а не како до сега со платата, беа дел од мерките од новата програма на СДСМ кои ги презентираше Спасовски.

При посетата на Штип генералниот секретар на СДСМ оствари средба со стецајците.
Тие се пожалија на селективниот пристап на власта и делбите што ги прави меѓу стечајците на, како што велат, „на нивни стечајции и ние оставени на божја милост“.

Нашиот проблем не е решен. Груевски не излажа, рекоа стечајците.

Во првите 100 дена владата на СДСМ ке го донесе законот за стечајците кој ќе ги опфаќа сите стечајции. Со тоа ќе го решиме проблемот целосно.

5

4

3

2

1

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Орце не може да го исчисти ниту „Расадник“, лаже дека ќе исчисти цело Скопје за 72 часа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Аеродром не заслужува да изгледа како депонија, време е за промена со Александар Трајановски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трајановски: Аеродром се соочува со сериозни инфраструктурни предизвици

Герасимовски: Реконструиравме над 24 улици, безбедноста подигната на највисоко ниво

(ВИДЕО) Филипче: Павел Иванов е симбол на храброст и чесност, Штип заслужува лидер како него

Горан Наумовски

ЗНАМ до Герасимовски: Дали кандидатите за советници имаат право да градат без одобрение за градба