ФОТО: 5-годишно девојче загина во сообраќајка на патот Градско-Прилеп

Од:

Петгодишно девојче загина во сообраќајна несреќа која попладнево се случи на патот Градско-Прилеп пред тунелите кај Дреновската клисура, потврди Итната медицинска помош во Кавадарци.

soobrakajkaVELEST (1)

– Станува збор за неготинска фамилија, татко со девојче и баба и дедо кои оделе кон Ресен. Најверојатно, поради влажниот коловоз возилото марка „Форд фиеста” излетало од патот. Девојчето починало на лице место, а таткото и бабата завршиле во кавадаречката болница.

– Дедото е исто така повреден и не е во животна опасност. Најверојатно има скршеница, во шок е и одбива помош, информираа од Брзата помош.

soobrakajkaVELEST (3)

Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес, информира дека според првичните информации околу 15:15 часот на патот Градско-Прилеп, кај ресторанот „Ловец“ од засега непознати причини се превртел автомобил и оти во сообраќајната несреќа починало едно лице, а три се повредени.

– Се работи на утврдување на причините за сообраќајната несреќа. Надлежен јавен обвинител изврши увид на лице место, издаде наредба за обдукција на телото на починатото девојче, како и наредба за прибирање траги од лице место врз кои ќе се врши дополнително вештачење, соопшти ЈОРМ.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он