ФОТО: Сообраќајка кај „Порта пролет“ предизвика хаос во Штип

Од:

Синоќа околу полноќ, на улицата „Генерал Михајло Апостолски“ во Штип, се случи сообраќајна несреќамеѓу моторно возило Chevrolet Cruzeсо штипски регистарски таблички,во сопственост на познат штипски бизнисмен,и џип Kia Sorento со странски регистарски таблички. Причинета е поголема материјална штета, но, за среќа, нема повредени.

soobrakajkaPortaStip (1)

Причината за сообраќајната несреќа според првичните неофицијални сознанија е непрописното паркирање на автомобилот со странски регистарски таблички  на делот од улицата „Генерал Михајло Апостолски“ каде што е забрането запирање и паркирање поради поставените заштитни огради на проектот  Порта пролет“, чија изградба е во тек, а кои заземаат голем дел од улицата.

soobrakajkaPortaStip (2)

Несреќата предизвика застој во сообраќајот на улицата, која е главна патна артерија на левата страна на реката Отиња, поради што видливо беше незадоволството на другите учесници во сообраќајот, особено поради фактот што полицијата дојде на местото на настанот со задоцнување од 50 минути и покрај тоа што полициската станица се наоѓа на оддалеченост од само 50 метри.

soobrakajkaPortaStip (4)

Дополнителен проблем во сообраќајот се создаде поради целосното затворање на улицата „Страшо Пинџур“ поради одрони на патот при изведбата на градежни работи на проектот „Порта пролет“, поради што сообраќајот не можеше да биде пренасочен, па учесниците беа принудени како алтернативна патека да го искористат градскиот парк.

soobrakajkaPortaStip (5)

М.Р.

Би можело да ве интересира

Обвинителство: Во несреќата кај Штип загинаa тројца работници, двајца од Бангладеш и еден од Непал

Горан Наумовски

Тројца работници загинаа, а двајца се тешко повредени во сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Радовиш

Горан Наумовски

Несреќа на патот Штип-Радовиш, има починати и повредени

Горан Наумовски

Во сообраќајка во Луксембург загинаа тројца државјани на Косово

„Мерцедес“ излета од патот кај Облешево, загина возач

Горан Наумовски

Еден загина, тројца тешко повредени во сообраќајка кај Градско

Горан Наумовски