Протестот на здружената опозиција Основниот суд Скопје 1,беше сниман од просториите на судот.
Присутните, кои протестираа против приведувањето и изрекувањето на мерка притвор за претседателот на Советот на општина Центар и претседател на општинската организација на СДСМ-Центар, Мирослав Шиповиќ негодуваа и бараа да престанат да ги снимаат, сепак лицето продолжи да снима со видео-камерата.
Шиповиќ беше приведен уште на аеродромот во Виена. Синоќа, по него беше издадена меѓународна потерница.