(ФОТО) Шекеринска: Со моќта на секој глас до промени во државата

Од:

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, денеска беше срдечно пречекана во Кичево.

Кичевчани ја изразија нивната поддршка за промените кои како што рекоа мора да се случат за државата да ни тргне напред.

Шекеринска прошета низ кичевските улици, поздравувајќи се со минувачите, дуќанџите, меанџите, презентирајќи ги мерките од Програмата на СДСМ кои ќе ги вратат парите назад кон граѓаните, кои ќе обезбедат враќање на ДДВ, зголемување на минималната плата, подобар стандард. Грижата за домашните трошоци на граѓаните е неизоставен дел од Програмата, укинувањето на радиодифузната такса за социјалните случаи и нејзино намалување за сите граѓани, враќање на евтината струја и викенд тарифата со која граѓаните ќе имаат евтина струја и во сабота и во недела.

Со овие мерки буџетот на граѓаните значително ќе се зголеми, посочи Шекеринска.
Граѓаните се интересираа за мерките во Програмата кои се однесуваат на наоѓалиштата на јаглен бидејќи како што рекоа, ако го нема ТЕЦ Осломеј ќе го нема ниту Кичево.

Идната влада на СДСМ ќе го отвори јагленокопот Топовјани, во околината на ТЕЦ Осломеј, ќе го модернизира ТЕЦ Осломеј и ќе го продолжи неговиот производен век, рече Шекеринска.

Таа во своето обраќање пред кичевчани истакна дека граѓаните не сакаат да живеат во држава под кирија, дека не сакаат да живеат во држава во која конците ги влече криминалот. Македонија сака промени, порача Шекеринска.

Шекеринска денеска беше и во посета на Ресен каде оствари бројни средби со граѓаните.

Со денар не се живее, кило јаболка продаваме за еден денар. Стара жена сум, а работам на нива, децата ми се во странство. И јас сакам децата и внуците да си ги гледам, со овие зборови беше пречекана Шекеринска од жителка на ресенски Наколец.

Жителите во ресенско ги споделуваа со неа проблемите кои се повеќе им ја отежнуваат живеачката. Власта, како што велат, им ги зема парите од сите страни, живеат со блокирани сметки.

Зад параванот сте сами. Никој не е сопственик на вашиот глас, со вашиот глас оваа власт ќе замине во историјата. На овие избори да ја испратиме пораката за нов Претседател кој ќе обединува наместо да дели и за новата власт која ќе ја врати средната класа. Со гласање ќе се обезбедат промени во државата, со моќта на секој глас, порача Шекеринска.

IMG_8266

IMG_8227

IMG_8178

IMG_8083

IMG_8193

IMG_8083

Би можело да ве интересира

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: Власта е исплашена, посегна по децата, организаторите и напаѓачите мора да одговараат

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Штерјова: Обвинителството веднаш да ги пронајде насилниците што по налог на Мицкоски ги нападнаа младите во Ново Село

Горан Наумовски

СДСМ: Анализа на водата во Гостивар дури на 20 август, а дотогаш народот нека се труе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) СДСМ: Во Ново Село организираната криминална група прати насилници да ги тепаат младите – затоа што се плашат од вистината!

Горан Наумовски

СДСМ: Славески и Мицкоски велат имаме најдобра куповна моќ – граѓаните гледаат во фрижидерот и се прашуваат каде живеат