(ФОТО) Шекеринска од Крива Паланка: Ќе ги намалиме казните за 50 проценти

Од:

Криво паланчани денеска и приредија топло добредојде на заменик претседателката, Радмила Шекеринска која беше во нивна посета и оствари бројни средби со граѓаните.

Граѓаните со неа ги споделуваа проблемите кои се повеќе им ја отежнуваат и онака тешката живеачка. Велат цел живот работеле, но во староста немаат ниту денар, децата и внуците веќе заминале во странство, а државата не им дава пензија бидејќи немале доволно стаж.

Нашата програма предвидува мерки со кои ќе се подобри животниот стандард на граѓаните. Државната социјална пензија ја предвидовме токму за категоријата на граѓани кои немаат доволно стаж. Државата мора да води грижа за сите нејзини граѓани, тоа е нашата основна цел, рече Шекеринска.

Во секоја куќа, жителите на Конопница ја пречекуваа Шекеринска со широко отворени врати. Таа делејќи им велигденски јајца, им ја презентирашеи Програмата, со која, како што рече, ќе се врати средната класа.

Мора да биде подобро, ние веруваме во вас, коментираа жителите.

Шекеринска беше и во посета на неколку населби низ Крива Паланка, каде ги повика граѓаните да гласаат за промени.

За да биде подобро, мора нешто да промениме. Потребни ни се промени за да ги задржиме младите во Македонија, за да се вреднува трудот на земјоделецот и на работникот, посочи Шекеринска.

Намалувањето на казните за 50 проценти, проектот Македонија без кал, навремени субвенции за сите земјоделци, бенефициран стаж за земјоделци, беа дел од мерките кои денеска ги слушнаа граѓаните на Крива Паланка.

IMG_7483

IMG_7493

IMG_7490

Би можело да ве интересира

СДСМ: Без техничка влада не може да има праведни избори

А1он

(ВИДЕО) Лукаревска: Се најавува кредит од дури 6 милијарди евра, Владата ги турка граѓаните во должничко ропство

А1он

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски