(ФОТО) Шекеринска: Државно земјиште за вистинските земјоделци!

Од:

Заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска на средбата со граѓаните од Чифлик, Црник, Пехчево, Владимирово, Македонска Каменица и Берово им се заблагодари на довербата која му ја дадоа на кандидатот за претседател Стево Пендаровски.

-„Слободата нема цена, мора да ги охрабриме сите во оваа битка за слободата. Свесни сме дека народот е под голем притисок. Но, на 27-ми зад параванот никој не може да знае за како гласате. Во Македонија сиромаштијата ги убива граѓаните“ , рече Шекеринска.

Жителите на овие места се пожалија на сиромаштијата и лошата инфраструктура. Велат власта ветувала дека тоа ќе го промени, но од тоа ништо. Субвенциите каснат, младите се отселуваат, а социјалната помош ја делат само на „подобните граѓани“. Ете со такви маки се соочуваме во 21-ви век, порачаа граѓаните.

Шекеринска им ја презентираше новата програма на СДСМ во која се опфатени и земјоделците и младите. Земјоделците ќе бидат ослободени од персоналниот данок. Ќе се воведе поевтина зелена навта, ќе обезбедиме навремени и сигурни субвенции, како и контрола врз откопувачите затоа што, тоа што ќе се земе ќе треба да се плати. Новата влада предводена од СДСМ ќе направи и ревизија на државното земјоделско земјиште.

Во оваа програма има предвидено и стимулирање на вработувањата во места каде иселувањето е зголемено, се со цел да се задржат младите во Македонија, да немаат потреба егзистенционалното прашање да си го решаваат надвор од државата појасни заменик претседателката Шекеринска.

Во првиот круг 326 000 луѓе покажаа дека сакаат промении, кажаа „НЕ“ на оваа недемократска власт. Затоа Ве повикувам на 27-ми масовно да излеземе на избори. Да гласаме за промени, да гласаме за нов почеток, порача Шекеринска.

IMG_7417

IMG_7407

IMG_7426

IMG_7418

IMG_7391

IMG_7379

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?