ФОТО: Се кратат пешачките острови на „Партизански одреди“

Од:

Екипите на Градот Скопје деновиве работат на кратење на пешачките острови на крстосницата меѓу булеварот Партизански одреди и булеварот 8.Септември. Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска изврши увид во градежните работи на оваа крстосница.

– Во рамките на деветтиот циклус посети на сите десет скопски општини, граѓаните во општината Карпош посочија на метежот што се создава на оваа крстосница и на неможноста да се користат сите три ленти од булеварот Партизански одреди, во насока од Карпош кон центарот на градот. За да се реши овој проблем со кој граѓаните секојдневно се соочуваат, екипите на Градот Скопје почнаа со кратење на 2 пешачки острови, при што тие ќе се скратат за по 3 метри.

partizanskaostrovi (2)

– Со овој градежен зафат, ќе се овозможи ослободување на третата коловозна лента во насока кон центарот на градот и поголема проточност на возилата по сите три коловозни ленти на булеварот Партизански одреди. Кратењето на сообраќајните острови ќе придонесе пропустната моќ на оваа крстосница да се зголеми за 50 проценти, а со тоа ќе се намали сообраќајниот метеж и позитивно ќе влијаеме врз животната средина. Ваков зафат ќе направиме и на другата страна на оваа раскрсница – рече денеска градоначалникот Трајановски.

partizanskaostrovi (3)

Трајановски додаде дека на терен работат екипите на ЈП „Улици и патишта“, а за овој градежен зафат Градот Скопје ќе одвои 600.000 денари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Невремето го покоси Скопје: Оштетени „Вила Водно“, зградите на министерства, Обвинителство

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Пожарот во Кисела Вода е ставен под контрола, повреден пожарникар

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во Кисела Вода, чад се гледа од повеќе делови на Скопје

Катерина Ѓуровски

Најмногу дожд наврна во скопско Црешево и Гази Баба

Ѓорѓиевски: Со навремена и координирана реакција спречивме поголеми последици од невремето во Скопје

Предраг Петровиќ