Во Кичево почнаа работите за градење на патот до село Бачишта, планинско село на периферија на Зајас, кој не бил асфалтиран порано.
Се работи за главниот пат и споредните патишта со површина од 1000 м2. Деновиве екипите работат за да го подготват просторот за да стават бетонски плочи.
„Во ова село досега немало ниту еден сериозна инвестиција за градење и рeконструкција на патот во селото. Општина Кичево почна со работите да се постават бетонски плочи на сите патишта во селото Бачишта, со што жителите на ова населено место ќе можат да се движат слободно низ регулирани патишта.
– Градоначалникот на општина Кичево ги има преземено сите иницијативи за да се почне со работата и во текот на овие денови тие ќе се одвиваат динамично“, рекоа од секторот за односи со јавноста на Општина Кичево.
Истовремено, продолжуваат работите и во градот и во некои села околу градот, насочени кон реконструирање и санирање на патишта, кои според предвидениот рок од Општината, треба да завршат до 10. јули.
Fatlume Dervishi