(ФОТО) СДСМ: Пролетта во Македонија

Од:

“Вистината се смета за омраза, од страна на оние кои ја мразат вистината” – Аулик Ајс (Auliq Ice).

Да, вистината е омразена категорија од оние кои луѓето ги сметаат за “човечиња”, кои праќаат фамилии во “ендек”, кои се исмеваат додека други страдаат, од оние кои работеле за лични интереси или газеле по волјата на граѓаните со изборен криминал.

Социјалдемократската младина на Македонија овие недели е дисперзиран гласник на вистината. Во села, градови, на автобуски станици и паркови, на пазарче и плоштад, непоколебливо ја носиме Вистината за Македонија.

Неформалниот весник е оружје во рацете на вистината против режимот.
Ако МРТВ не ги емитува снимките, младите социјалдемократи ќе го посетат секој граѓанин за да го информираат.

Ако провладините телевизии и портали спинуваат, СДММ со уште по засилено темпо ќе ја обиколува Македонија.

Ја споделуваме вистината, но и говориме за алтернативата. И внимателно слушаме за маките што граѓаните се поотворено ги споделуваат.

Овие недели чувствуваме енергија што ги обединува пазарџијата на тезгата, пензионерот на клупите во паркот, вработениот во администрација, полицаецот, охрабрениот студент.

Пролетта како годишно време носи алергии. Пролетта во Македонија ја донесе храброста, којашто претставува најстрашниот полен за нелегитимната власт.

Енергијата што ја впиваме секојдневно, ја канализираме во движење за враќање на слободата. Заедно со граѓаните испишуваме нова страница од историјата на Македонија.

SDMM vesnik 10

SDMM vesnik 5

SDMM vesnik 3

SDMM vesnik 2

SDMM vesnik 1

SDMM vesnik 9

SDMM vesnik 8

SDMM vesnik 7

SDMM vesnik 6

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците