ФОТО: СДСМ доби 280 нови членови во Куманово

Од:

Во пресрет на 11-ти ноември, Денот на ослободување на Куманово Општинската организација на СДСМ Куманово денеска во зградата на поранешен Комитет свечено на 280 нови членови им додели членски книшки.

10807166_10205209200455506_1463424546_n

На новите членови на опозицијата, партиските книшки им ги доделија генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски и претседателот на ОО на СДСМ Куманово, Мартин Костовски.

Генералниот секретар на СДСМ истакна дека сака да им одаде признание на сите луѓе кои што во овие моменти одлучиле да се вклучат во редовите на опозицијата.

10748927_10205209200295502_659599591_n

-Мислам дека денеска е повеќе од значајно сите заедно да се вклучиме во оваа наша борба. Ова не е борба на еден човек, на поединец, на организација која што треба да дојде на власт, ова треба да биде борба на секој граѓанин, кој што се чувствува обесправен во Република Македонија-наведе Спасовски.

Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски изјави дека овој чин не е само симболика на доделување на членски книшки, туку и обврска, затоа што СДСМ е тој кој треба да ја врати државата на вистинскиот колосек.

10748926_10205209200415505_1691236131_n

-Кога ќе го погледнам списокот на новите пристапници, 75 проценти или повеќето од нив се млади луѓе. Тоа е добар показател и добра перспектива за СДСМ-нагласи Дамјановски.

Претседателот на Општинската организација на СДСМ Куманово, Мартин Костовски им посака добре дојде на новите членови и нагласи дека тие се исправени пред предизвикот на нова борба за слобода.

10751903_10205209200495507_630268813_n

– Не борба за слобода за каква што се бореа нашите предци, туку за слобода на право на слободен живот, мислење, говор и цивилизациско живеење како што ни овозможува 21-от век-рече тој.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите