ФОТО: Реконструкција на улицата кај Рекорд – сообраќајот се одвива отежнато

Од:

Денеска започнаа градежните зафати за реконсрукција на крајната коловозна лента на улицата „Димитрие Чуповски“, пред автобуската постојка наспроти бурекчилницата „Рекорд“. Ќе се санира асфалтот во должина од 200 метри од почетокот на автобуската постојка кај „Специјал“ во насока кон поранешниот Мекдоналдс.

rekord-rekonstrukcija (4)

Градежните работи на овој дел од улицата ќе траат до крајот на месецот.

rekord-rekonstrukcija (1)

Од Јавното сообраќајно претпријатие известуваат дека линиите на јавен превоз од Исток кон Запад ке бидат пренасочени на следниов начин:

– линиите бр. 3, 3А, 3Б, 5, 7, 7Б, 15, 15А, 21, 21А, 22, 25 кои се движат по бул.„Кочо Рацин“ продолжуваат по ул. „Св.Кирил и Методиј“ (пред Рамстор) и продолжуваат по своите траси.

rekord-rekonstrukcija (2)

– Линиите бр. 26, 50, 57 , 57А и 59 кај градска болница вртат лево по ул. „11 Октомври“ , десно по бул. „Кочо Рацин“ и ул. „Св.Кирил и Методиј“ (пред Рамстор) и продолжуваат по своите траси.

rekord-rekonstrukcija (6)

-Линијите бр. 4 и 4А од ул.„11 Октомври“ вртат лево по бул. „Кочо Рацин“ и ул. „Св.Кирил и Методиј“ (пред Рамстор) и продолжуваат по своите траси.

rekord-rekonstrukcija (3)

-Линија бр. 24 од подвозник К.Вода продолжува лево по ул. „Св.Кирил и Методиј“ (пред Рамстор) и продолжува по своjaта траса.

rekord-rekonstrukcija (7)

Во обратен правец автобусите сообраќаат по непроменета траса. Пренасочувањето ќе трае до завршување на градежните работи.

rekord-rekonstrukcija (8)

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски: Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија

Во Скопје 474.304 граѓани со право на глас ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници

Ѓорѓиевски: Скопје ќе стане првиот целосно – paper free град во државата, дигитален, модерен и транспарентен