ФОТО: Редакцијата на Плусинфо обиена и ограбена

Од:

Редакцијата на порталот Плусинфо синоќа после 21.30 часот била обиена од засега непознати лица. Речиси целокупната опрема, која се состои лап-топ компјутери и форографска опрема е украдена.

37(3)

Последна која била присутна во редакцијата синоќа до 21.30 часот била фоторепортерката Елена Героска. Таа се вратила од настанот пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, ги обработила фотографиите од настанот и потоа си заминала. Утринава, кога Героска дошла на работното место околу 9 часот, забележала дека балконската врата е ширум отворена и на не се забележуваат траги на насилно обивање. По алармирањето на уредниците, настанот веднаш е пријавен во полиција.

38(1)

Освен што се украдени четири лаптопи и еден нетбук, украден е и поголем дел од исклучително скапата фотографска опрема и две видео камери. Интересно е што темелно било претурано по фиоките, а на подот се забележуваат расфрлани службени документи на редакцијата – фактури, проекти, списоци и слично, пишува Плусинфо.

19(1)

Редакцијата на Плусинфо се сомнева дека фоторепортерката Героска била следена после синоќешната прослава на ВМРО-ДПМНЕ и дека сторителите смислено насилно влегле во редакцијата, со цел да нанесат и материјална штета, но и да ги заплашат новинарите.

Би можело да ве интересира

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

A1on