ФОТО: Раководството на СДСМ го одбележа празникот меѓу граѓаните

Од:

Раководството на СДСМ денес го чествуваше големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица заедно со граѓаните од цела Македонија.

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев, присуствуваше на празничната литургијата во новиот собороен храм во Струмица, кој е во градба и го носи името на денешниот голем христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“.

bogorodica-zaev-2014 (3)

Претседателот Заев, воедно иницијатор и предводник на акцијата за целосна изградба на овој значаен верски објект за граѓаните, најави и продолжување на активностите за комплетно довршување на новиот, голем соборен храм во Струмица.

Во рамки на чествувањето на христијанскиот празник претседателот на СДСМ го посети и манастирот „Св. Петнаесет Тивериополски маченици“ во Струмица.

bogorodica-sekerinska-2014 (2)

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска денес беше со граѓаните од Тетово и тетовско. Шекеринска го посети Лешочкиот манастир, каде на православните верници лично им го честита големиот христијански празник.

При посетата на овој духовен центар во тетовско, заменик претседателката на присутните граѓани им упати честитки и желби за многу здравје, љубов и среќа.

bogorodica-sekerinska-2014 (1)

Добрината, хуманоста, трпеливоста и вербата се вистинските вредности на кои треба да се потсетиме на ваков голем ден, истакна Шекеринска.

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, денеска го одбележа чествувањето на големиот христијаски празник со граѓаните на Малешевијата. Спасовски го посети Берово и манастирот „Успение на Пресвета Богородица“.

bogorodica-spasovski-2014

Со традиционална и богата празнична трпеза, Спасовски, разговараше со граѓаните, упатувајки искрени честитки по повод празникот.

 

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната