ФОТО: Промовирана апликација за мобилни телефони со симулаторот за возачки испит

Од:

Авто мото сојузот на Македонија и Министерството за внатреншни работи денеска ја промовираа новата апликација за мобилни телефони која го содржи симулаторот за полагање на електронскиот тест од возачкиот испит.

Апликацијата ги содржи сите функционалности што ги има електронскиот систем за полагање на теоретскиот дел од возачкиот испит и со неа кандидатот има можност во секое време да одговори на прашањата и да го провери своето значење.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, која присуствуваше на промоцијата, нагласи дека оваа апликација ќе им биде од голема помош на кандидатите кои треба да го полагаат возачкиот испит.

jankulovska123

– Нашата цел со воведувањето на новиот начин за полагање на теротетскиот дел за возачкиот испит не е да се намали бројот на положени кандидати, туку објективно да се оценува знаењето. Она што на некој начин беше правило во минатото да се фотокопираат тестови и да се учат прашањата напамет, сега е многу малку веројатно, речиси невозможно со оглед на бројот на комбинации на прашања кои се генерираат од една заедничка база и кои можат да бидат составен дел од испитот што го полага кандидатот, рече Јанкуловска.

За разлика од порано кога бројот на положени кандидати се движел околу 85 проценти, со воведувањето на електронскиот систем на полагање просечно тој број се движи околу 55 проценти, што според министерката Јанкуловска покажува дека се зголемил квалитетот на познавање на безбедносните правила и прописи, односно оти има подобро подготвени возачи во сообраќајот.

Податоците говорат дека во 2012 година е намален бројот на сообраќајни незгоди и бројот на жртви. Така, за разлика од 2011 година бројот на сообраќајни незгоди е намален за 8 проценти, а бројот на жртви за 23 проценти.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он

Претреси на 32 локации во Скопје по наредба на судија, се проверуваат и простории на МВР

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он

Битолската полиција за шест часа казни 77 возачи на мопеди и електрични тротинети

А1он