ФОТО: Прилеп ја побара иднината сега!

Од:

Вечерва на плоштадот „Методија Андонов-Ченто“ во Прилеп, „Сојузот за иднината“ го одржа својот предизборен митинг.

На митингот, во еуфорична атмосфера, беа промовирани кандидатите за советници и носителот на советничката листа, Илија Јованоски. Јованоски упати апел до градоначалникот Марјан Ристески и до неговите соработници чесно и достоинствено да ги одработат последните денови од нивното
владеење.

Кандидатотот за градоначалник од здружената опозиција, Хари Локвенец, им порача на своите прилепчани дека во недела секако победуваат и му се обрати и на „градоначалникот во заминување“

Секој носи одговорност за своите постапки, по 24 доаѓа 25 март, а од 25 март почува и нова страница во историјата на Прилеп. Општината со мене нема да биде арачлија – изјави Локвенец

Им вети намалување на општинските давачки, укинување на плаќањето паркинг. Главен приоритет се новите работни места, донации за секоја родилка, социјални станови, помош за самохраните родители, гасификација на Прилеп. Во својот говор ги повика прилепчани да излезат на 24 март и да го заокружат бројот 42.

Пред прилепчани се обрати и претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски.

Ова што ни се случува не е наша судбина.Ова што ни се случува не ни е од бога пишано. Сè може и мора да биде подобро. Но, едно да знаеме решението нема да ни падне од небо.Ова е наша држава,ова се наши животи. И од нас зависи какви ќе бидат.

Црвенковски ги повика граѓаните на 24 март масовно да излезат на избирачките места и да гласаат за коалицијата „Сојуз за иднината“, за кандидатот за градоначалник Хари Локвенец и за кандидатите за советници.

А. Ш.

[nggallery id=164]

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“