Огромни нерегуларности и бројни злоупотреби го одбележуваат гласањето за парламентарните извори и вториот круг од претседателските избори.
При гласањето на болните лица, во повеќе случаи прекршена е тајноста на гласањето. Во затворот Идризово вршени се притисоци врз затворениците да гласаат за ВМРО ДПМНЕ.
Во геријатриските установи, болните се уценувани и им е вршен притисок да гласаат за истата партија, под закана дека ќе им биде ускратено правото на престој.
Во овие случаи направени се повреди на членот 160 од Кривичниот законик, којшто содржи гаранции за слободата на определување на избирачите.
Во текот на вчерашниот ден прекршен е и предизборниот молк во повеќе општини во Македонија, како што се Кисела Вода, Аеродром, Куманово, Гостивар, Богданци, Крива Паланка.
Исто така во текот на вчерашниот ден, Сашо Стефаноски (државен секретар во Министерство за одбрана) и Емил Димитриев (генерален секретар и заменик министер), ги објавиле резултатите од гласање на дијаспората, што е спротивно на одредби на Изборниот законик.
Во текот на вчерашниот ден, за време на гласањето на дијаспората, забележани се случаи на бугарски воз на избирачкото место 5017 во Рим.
На член на избирачкиот одбор таму, не му било дозволено да ги внесе неправилностите во Дневникот за евиденција и во Записникот, поради што тој не го потпишал Записникот. Неправилностите на ова избирачко место кулминирале со интервенција на италијанската полиција.
Во текот на вчерашниот ден, регистрирани се случаи на уцени, поткуп, притисоци врз избирачи, што продолжија и денеска.
Грубо е прекршен членот 160 од Кривичниот законик, со вршење притисок врз вработени во администрацијата да гласаат за една партија. Уценувани се лица приматели на социјална помош, приматели на надомест за трето дете, приматели на надомест за нега од друго лице. Забележани се притисоци врз вработени во ЗК Пелагонија, вработени во РЕК Битола, вработени во администрацијата во повеке градови. Во Штип, на избирачките места 2269 и 2271 забележан е притисок врз гласачи. На сопственици на приватни фирми, кои не се членови и симпатизери на една партија испраќани им се писма со закана и забрана тие и нивните семејства да излезат на гласање. Такви се неколку случаи во Источна Македонија.
Исто така, спротивно на членот 162 од Кривичниот законик, даван е поткуп на избирачи да гласаат за една партија. Утрото, во 08.15. часот на избирачките места 736 и 737 во Кичево, претставници на месните комитети на партија делеле по илјада денари на избирачи од ромска припадност, за да гласаат за партијата. Слична ситуација е забележана и во Штип и во село Аџево на избирачките места 2795 и 2795/1, во село Стајковци, каде во што се делат пари и продукти на гласачите.
Семејно гласање и гласање во име на друг е регистрирано во Радовиш, каде што едно лице гласало во име на 30 избирачи, како и групно гласање во Гостивар, Пласница, Брвеница, Тетово, Битола, Чешиново-Облешево, Кочани, Куманово, Бутел. Во Македонски Брод во избирачкото место во село Ковач, едно лице кинело по три ливчиња од двата кочана, ставило печат, гласало за ВМРО ДПМНЕ и ги ставило во кутијата.
Забележани се случаи на евидентирање на лицата кои гласале од страна на активисти на една партија, кои со списоци стојат пред избирачките места, гласно читање на имињата на гласачите и нивно евидентирање од страна на контролорите на ВМРО ДПМНЕ.
– Вакви случаи се видливи низ цела Македонија, а во моментов располагаме со снимки и фотографии од Радовиш, Штип, Кавадарци и Струга, рече Маринела Тшева, портпарол на кампањата на СДСМ, на попладневната прес конференција.
Забележано е агитирање пред повеке избирачки места во Кисела Вода , Штип, Смоларе, Демир Капија, Теарце, Гази Баба, Берово, Делчево и други. Во некои од овие случаи агитираат службени лица користејки службени возила и службени легитимации.
Незаконско читање на глас на имињата на гласачите е регистрирано во Крива Паланка, Битола, Валандово.
Во Кочани се пронајдени ливчиња од друго избирачко место, а во Студеничани и Прилеп се најдени дупликат гласачки ливчиња.
Голем број граѓани јавуваат дека мастилото што се користи, се брише со обично влажно марамче, што ја става под знак прашање главната заштитна мерка која гарантира „еден човек-еден глас„.
Има потврда дека лица кои фигурираат на список за гласање за едните избори во Тирана и таму гласаа вчера, денеска гласаа за другите избори во Ресен.
Фантомски гласачи од Пустец и Гора на овие избори се забележани не само во Центар и Ресен туку и во Аеродром, Кисела Вода и Бутел, каде што организирано, со возила се носени на гласање.
На истите, претходно им биле делени фотографирани гласачки ливчиња со заокружен број 5 на ливчето за парламентарни избори и број 1 за претседателските избори. Еден од нив се обидел повторно да гласа иако имал видливо мастило на обата палци.
Во Општина Аеродром гласале и лица во чии лични карти како адреса на живеење стојат адреси на службени објекти каде што нема нема простор за живеење.
Ова е копија од само еден од ваучерите од 500 денари кои биле давани во Виница како поткуп во ИЕ 3. На него стои печат на ВМРО ДПМНЕ партија и името на носителот на листата, Никола Тодоров.
– Ова се само дел од неправилностите за коишто досега добивме потврда, рече Тшева.