ФОТО: Празничниот викенд ги наполни капацитетите и плажите во Дојран

Од:

Традиционалните илинденски одбележувања по повод двојниот национален празник на Република Македонија и годинава намамија голем дел од граѓаните од државата на продолжена викенд-посета на Дојранското Eзеро.

dojraan (10)

dojraan (9)

Уште од утринава река од возила се упатија кон најјужното турисичко место во државата со цел посетителите од повеќе општини и населени места од државата овде да го одбележат двојниот Илинден, кој со посета на плажа, кој со гурманска скара, а поголемиот дел од младата популација и поради вечерашните концерти во Дојран: на стадионот во Нов Дојран настап на балканската музичка ѕвезда Жељко Јоксимовиќ и концертот „Аларм“ на Стара Мрдаја со учество на македонски музички групи „Љубојна“, „Фолтин“ и други.

dojraan (8)

dojraan (14)

Големиот ден Илинден пред 110 години значаше почеток на Илинденското востание, а пред 69 години беше денот кога е втемелена македонската државност на Второто заседание на АСНОМ.

dojraan (13)

dojraan (12)

Револуционерната раздвиженост по повод настаните во тоа време била прикриена со празнувањата на големиот верски празник Илинден.

dojraan (11)

dojraan (3)“640” height=”480″ class=”aligncenter size-full wp-image-187442″ />

Токму поради спрегата на историските настани со верскиот празник Илинден и ден-денеска не се заборава посетата на духовните храмови низ државата, па така и во Дојран.

dojraan (2)

dojraan (1)

Со свечена литургија на отец Наум, денеска во Дојран беа одбележани илинденските празнувања, а голем број граѓани во текот на денот ги посетија духовните храмови: возобновената црква од 18-от век „Св. Илија“ во Стар Дојран, манастирот „Марија Магдалена“ и црквата „Св. Ѓеорги Великомаченик“ во Нов Дојран.

dojraan (6)

dojraan (5)

dojraan (4)

А.Д.

Би можело да ве интересира

Грчки државјанин удрил во две возила кај Стар Дојран

Албански државјани нелегално влегле во Македонија – ги откриле на граница кај Дојран

Двајца мажи краделе во туристички капацитети и викенд-куќи во Дојран

Се шири пожарот кај Дојран, се очекува поддршка за гаснење од воздух

Горан Наумовски

Уапсени дваесет лица, од кои еден Грк: Фатени се со дрога на фестивал во Дојран

Орце Костов

Градоначалникот на Дојран бара во летниот период да проработи Хидросистемот „Ѓавато“

Ана Ололовска