ФОТО: Пожар во Градскиот трговски центар

Од:

Во пожарот што изутринава избувна во Градскиот трговски центар се зафатени еден дуќан, кафетерија и продавница за готови производи на површина од 50 метри квадратни.

Пожарот, како што информира командирот на Противпожарната единица Скопје Благоја Менковски, е локализиран и не е дозволено негово ширење.

Во гаснењето учествувале 26 пожарникари со 10 противпожарни возила.

Екипите на Противпожарната единица Скопје работат на расчистување на теренот.

Причината за пожарот и проценката за предизвиканата штета ќе биде направена по увидот на полицијата

Би можело да ве интересира

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје