ФОТО: Поранешен телохранител на Груевски згазил мотоциклист и избегал

Од:

Поранешен телохранител на Никола Груевски, Д.М. доцна синоќа во Кисела Вода кај Рампа поминувајќи преку две полни линии згазил 22 годишно момче кое со мотор возело кон кафената Ив кај Чешма во Кисела Вода.

Очевидец за А1он вели дека Д.М. со својот автомобил бил паркиран на земјениот паркинг спроти казиното Астра во Кисела Вода, а кога вртел полукружно го згазил мотоциклистот. При ударот со возилото, возачот на моторот се удрил во билбордот пред казиното, а моторот летнал во месарата веднаш до казиното. Очевидецот тврди дека Д.М. кој го управувал возилото, излегол од автомобилот, бил тука, а пред да пристигне брзата помош го снемало.

А1он дојде и до документ по приемот во Градска болница каде се чита дека возачот на моторот е примен со тешки телесни повреди и е во животна опасност.

soob3

Иако се обидовме да контактираме со МВР, од таму не беа достапни да дадат повеќе информации за настанот, освен петте реда во дневниот билтен.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Почина 34-годишник во сообраќајка на патот Виница – Берово

А1он

Тешка сообраќајка кај Кучевиште: еден загинат, еден тешко повреден

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Детали за сообраќајката на влезот во Скопје, тешко повреден е 25-годишник

Катерина Ѓуровски

Изгореа камион и автомобил кај Хиподром, сообраќајот е пренасочен

Катерина Ѓуровски

Сообраќајка меѓу три возила на експресниот пат Кочани – Штип

А1он

Прегазен е малолетен пешак во скопско Визбегово

А1он