ФОТО: Подземни контејнери во центарот на Скопје

Од:

Градоначалниците на Град Скопје, на Центар и на Чаир, Коце Трајановски, Владимир Тодоровиќ, Изет Меџити и директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Ракип Дочи денеска го промовираа системот за поставување подземни контејнери за одлагање комунален отпад на ул. „Максим Горки“, општина Центар.

Системот што се користи за вадење и спуштање на контејнерите, односно за нивно празнење е на хидрауличен погон и е еден од најсовремените во регионот. Подземните контејнери што се поставуваат во Скопје се од фирмата „Атрик“ од Словенија и се со зафатнина од 3 метри кубни.

prom500

Трајановски истакна дека поставувањето 50 подземни контејнери на 15 локации, 14 локации во општина Центар и една во Чаир, кај маркетот „Веро“ ќе придонесе за осовременување на системот за складирање и подигање на комуналниот отпад и за подобрување на јавната хигиена во градот.

– На пет локации ќе се поставуваат по четири контејнери, од кои три ќе се користат за одлагање мешовит отпад и еден за ПЕТ-амбалажа, а на преостанатите 10 локации ќе се постават по три контејнери, од кои по два за мешовит и еден за ПЕТ-амбалажа, рече Трајановски.

Носител на проектот за поставување подземни контејнери е ЈП „Комунална хигиена“, а рокот за завршување е крајот на март. За овој проект се издвоени 33 милиони денари, по 10 од Град Скопје и општина Центар, а 13 милиони од ЈП „Комунална хигиена“.

Подземни конрејнери годинава ќе се поставуваат и во други општини, на три локации во Чаир, за што веќе е објавен тендер и на три дополнителни локации во Кисела Вода.

Дочи рече дека идејата за поставување подземни контејнери е на градоначалникот Тодоровиќ, која ја прифатиле Град Скопје и „Комунална хигена“. Според него, сега Скопје добива модерен начин на управување со отпад, а скопјани добиваат поголема хигиена. Ќе нема непријатна миризба и нема да има расфрлање ѓубре.

Би можело да ве интересира

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски