ФОТО: Почна замената на старите метални контејнери со нови пластични контејнери

Од:

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Ракип Дочи, денеска кај пазарчето „Буњаковец“ го презентираа процесот на замена на постојните метални контејнери што се поставени на градските улици со нови, пластични контејнери со зафатнина од 1,1 кубен метар.

– Од 2009 година па до денес Градот Скопје посветено работи на опремување на ЈП „Комунална хигиена“, за да се подобри хигиената во градот и услугата на ова јавно претпријатие кон граѓаните. Во 2009 година ова јавно претпријатие работеше со само 6 дотраени камиони за собирање отпад, а денес „Комунална хигиена“ располага со повеќе од 70 нови возила и стотици нови контејнери. Со оваа акција што ја промовираме денеска ќе се заменат постојните метални контејнери што се поставени на градските улици со нови, пластични контејнери.

zamena na kontejneri (2)

 – Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ веќе набави 650 пластични контејнери за мешовит отпад (зелен контејнер со зелен капак) и 50 пластични контејнери за PVC амбалажа и лименки (зелен контејнер со жолт капак) за што потроши околу 7,5 милиони денари. Овие контејнери ќе се поставуваат пред јавните институции и на градските улици и булевари, според претходно изготвен план. Проектот за замена на старите метални контејнери со нови пластични контејнери ќе се реализира во фази. До крајот на 2017 година Градот Скопје планира да ги замени сите стари метални контејнери, вкупно 4.000 на број, со пластични контејнери во кои ќе се одложува отпадот од домаќинствата – рече денеска градоначалникот Трајановски.

Трајановски додаде дека со замената на старите железни контејнери со нови, пластични контејнери во голема мера ќе се подобри услугата на ЈП „Комунална хигиена“ кон граѓаните и ќе се олесни процесот на подигање на отпадот.

zamena na kontejneri (7)

– Оваа акција во голема мера ќе придонесе ЈП „Комунална хигиена“ да ги достигне стандардите што се применуваат во Европската унија. Сакам да апелирам до граѓаните да ги чуваат новите контејнери, да не ги палат и да не фрлаат несоодветен отпад (шут или кабаст отпад) во нив. Исто така апелирам до граѓаните отпадот да не го оставаат до контејнерите и правилно да ги користат новите садови за отпад – нагласи градоначалникот Коце Трајановски.

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Ракип Дочи, ја нагласи добрата соработка што ова јавно претпријатие ја има со Градот Скопје во напорите за чист и уреден град.

Би можело да ве интересира

Пијан скопјанец пред сопругата и децата пукал и тешко ранил познаник

Скопјанец пријавил сексуално злоставување на неговата малолетна ќерка

Скопјанец со нож и се заканувал на сопругата

Арсовска: Нашето Скопје треба да се сака со тоа што заедно ќе работиме да имаме поубав град

Скопјанка го нападнала сопругот и свекорот, па искршила дел од покуќнината

СДСМ: Скопје најзагаден град, а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух