ФОТО: Почна поставувањето на 18-метарската елка на плоштадот „Македонија“

Од:

Помеѓу споменикот „Воин на коњ“ и Порта „Македонија“ почна поставувањето на белата новогодишна елка на која во 18 часот и официјално ќе бидат вклучени светилките.

Осумнаесетметарската елка, чии делови минувачите можеа да ги забележат пред „Сити галери“, е дел од свечените решенија на Градот за традиционално декорирање за време на новогодишните празници.

Во екот на „најлудата ноќ“ соодветно ќе бидат украсени просторот меѓу плоштадите „Македонија“ и „Пела“, плоштадот „Филип Втори“, пред црквата „Св. Димитрија“, булеварот „Илинден“ до раскрсницата со „Френклин Рузвелт“, просторот пред Владата, улицата „Даме Груев, „Партизанска“, платото пред Универзална сала, Старата чаршија пред националната галерија „Чифте-амам“… Според најавите, бидејќи централниот плоштад се’ уште претставува градилиште, главната прослава ќе се одржи на плоштадот „Пела“.

IMG_1317

IMG_1320

IMG_1319

IMG_1322

IMG_1322

IMG_1328

Би можело да ве интересира

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он