ФОТО: Почна изградбата на катна гаража зад парламентот

Од:

Денеска почна да се оградува земјиштето помеѓу Собрание и Домот на АРМ, на која треба да се издигне катна гаража и мали комерцијално-деловни единици.

Огласот за продажба на градежното земјиште кое се наоѓа на територијата на Општина Центар, Министерството за транспорт и врски го распиша на почетокот од јануари оваа година. Продажбата се вршеше по пат на јавно надавање, а почетната цена изнесуваше 1.850 денари од метар квадратен. Станува збор за површина од 2.455 метри квадратни.

Првично паркингот требаше да го гради компанијата „Макоил“ на бизнисменот и сопственик на синџирот бензиски пумпи, Мите Јовановски, која претходно ги најави проектите за изградба на две катни гаражи кај зградата на МЕПСО во непосредна близина на плоштад „Македонија“ и кај Веро Центар. Но, фирмата го изгуби правото на долготраен закуп на земјиштето што и беше доделено за период од 20 години.

ФОТО: Плусинфо

Би можело да ве интересира

Шукова ја објави својата кандидатура за градоначалничка на Скопје

Пожар во центарот на Скопје, седум лица побарале медицинска помош

Земјотрес во Косово, почувствуван во Скопје

„Водовод“: Можни се појави на намален притисок и прекини на водоснабдувањето во одредени делови на Скопје

48-годишен маж пронајден мртов во стан во Скопје

Пет пожари се активни на територијата на Град Скопје