ФОТО: Ова е убиецот кој ги уби двете сестри, па сам си пресуди

Од:

Објавени се фотографии од 36-годишниот Игор, кој претпладнево околу 11 часот, не пречекорувајќи ја влезната врата на станот на неговата познаничка во населбата Аеродром, ги уби 34-годишната Наташа и нејзината сестра, а потоа се самоуби.

Според досега утврденото, 36 годишниот Игор претпладнево околу 11 часот дошол во станот на 34 годишната Наташа, со која од порано се познавал. Вратата ја отворила нејзината сестра, 31-годишната Билјана, а убиецот ѝ рекол да не се помрднува. Тогаш притрчала Наташа, која ги пакувала куферите за семејниот одмор, по што почнале да се расправаат. Тоа траело кратко, по што се слушнале истрели.

Во тоа време во станот биле двете деца на Наташа – на возраст од 7 и 10 години. Тие воопшто не го познавале човекот кој ги уби нивната мајка и нејзината сестра.

Игор не влегол во станот – пукал од влезната врата на станот на петтиот кат на зградата број 44, ги убил двете сестри а потоа се самоубил. Пиштолот веројатно го поседувал со дозвола, а во 2004 година бил пријавен за загрозување со опасно оружје при тепачка.

107503910204307112820990941554263n

10529713102043071133810041546180375n

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи