ФОТО: Отстранет и постаментот на споменикот на Ќосето

Од:

По три дена работа, денеска целосно е отстранет и постаментот на споменикот на Андон Јанев-Ќосето од пред Врховниот суд. На неговото место, сега треба да никне „дрво за човекови права“ на кое ќе биде изгравиран членот 10 од универзалната декларација на човековите права на Обединетите нации.

Членот 10 гласи: „Секој има потполно еднакво право на праведно и јавно судење пред независен и непристрасен суд, при одредување на неговите права и обврски и во услови на какво и да е кривично обвинение против него“. Дрвото ќе биде од видот „Гинко“, а според Град Скопје ќе чини околу 5.000 денари.

Споменикот на Ќосето беше отстранет на 21 февруари во ноќните часови, а беше поставен во 2014 година како донација од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин.

„Макфакс“ контактираше со претседателот на здружението, Ташко Јованов кој се прогласи ненадлежен за споменикот и не објасни зошто споменикот на Ќосето со нож во раката, пред четири години бил поставен токму пред Врховниот суд, односно која е симболиката на тој чин. Запрашан дали ќе го земат споменикот од Металскиот завод-Тито, Јованов рече дека не знае ништо за споменикот.

По отстранувањето на Ќосето, општина Сопиште го бара споменикот за да го постави на кружниот тек во селото.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош