ФОТО: Оградата зад Влада нечепната, скопјани разочарани од спектакуларното отстранување

Од:

Оградата од ковано железо на Владата е отстранета само од предниот дел, останатата стои нечепната. Иако два дена, во четвртокот и во петокот, се работеше на отстранување на оградата и исполнување на предизборното ветување на премиерот Зоран Заев, Владата сè уште е оградена. Скопјани кои викендов излегоа на прошетки на Кејот на Вардар се зачудија што оградата сè уште стои и искоментираа дека бадијала се правел спектакл од отстранувањето.

Од Владата велат дека отстранувањето ќе продолжи.

„Владата ќе продолжи со отстранување на железната ограда и таа во целост ќе биде тргната во наредниот период. На отстранувањето работи фирма со тековен договор за одржување со Владата“, велат од Влада.

Отстранувањето на железниот дел од оградата почна во четвртокот утрото кога триесетмина работници во нови униформи излегоа пред Влада и почнаа да го сечат железото.

Оградата се складира во депо, а од Владата изјавија дека дополнително, заедно со граѓаните ќе одлучат што ќе прават со неа понатака.

За оградата од ковано железо во 2015 година беа одвоени околу 700.000 евра од државниот буџет, а премерот Зоран Заев во предизборието вети дека ако не може повеќе, веднаш што ќе ја добие власта, ќе ја урне оградата и од неа ќе направи клупи.

Маја Илиевска-Пачемска

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски