ФОТО: Одбележана 70-годишнината од излегувањето на првите партизани во Гевгелиско

Од:

Со полагање свежо цвеќе на бистите на народните херои од НОБ, носителите на партизанска споменица, споменикот на Сава Михајлов и Спомен-костурницата на паднатите борци од НОВ во Гевгелија, денеска беше одбележана 70-годишнината од излегувањето на првите партизани од Гевгелија и гевгелиско.

Организатор на одбележувањата е Општинската организација на Сојузот на борците од НОБ од Гевгелија, на чија покана се придружија и голем број граѓани, претставници на локалната самоуправа, на јавни установи, здруженија на граѓани и други општествени кругови.

slik (1)

Пригоден збор за придонесот на првите гевгелиски борци од одредот „Сава Михајлов“ формиран на денешен ден во далечната 1943 година на Кожув планина, пред присутните одржа Ристо Марковски, член на претседателството на боречката организација од Гевгелија.

Излегувањето на првите партизани од Гевгелија беше организиран на првиот ден Велигден 1943 година, кога беше договорено во најстрога конспирација група млади од Гевгелија и Гевгелиско да се прикпучат кон Народноослободителната борба, за што беа направени подготовки за формирање на партизанска база на Кожуф планина – рече Марковски.

slik (2)

Марковски, истакнувајќи ја храброста на одважните гевгелиски младинци-борци, не го заборави и придонесот на локалните жители што помогнале во организацијата на излегувањето на првите гевгелиски партизани. Тоа се Ванчо Бојмалиев од Негорци, кој им бил врската и водич низ тајните шумски патишта и Јанко Тодоровски, кој ги однел до партизанската база на Кожуф планина.

Овде бил формиран Првиот гевгелиски партизански одред наречен „Сава Михајлов“. До 10 мај биле изведени првите подготовки за партизански активности, биле назначени носители на командни одговорности, а на 15 мај групата партизани ја посетил комесарот на Тиквешкиот партизански одред „Ѓорги Даскалот“.

slik (3)

Гевгелискиот и тиквешкиот Партизански одред заедно соработувале, па биле изведувани низа напади, како участокот во Гевгелија, подоцна во Тиквешијата, па наскоро биле дадени и првите жртви од борбените дејства. Тоа се Нако Тумбов, а подоцна и Васо Карајанов, познати како првите млади партизански жртви од борбените дејствија во нашиот крај – истакна Марковски.

По неколкумесечна заедничка борба двата одреда „Сава Михалјов“ и „Ѓорги Даскалов“ се здружиле и го формирале одредот „Страшо Пинџур“, кој се вклучил во Втората македонска бригада, што беше формирана во Фуштани на 20 декември 1943 година.

slik (5)

Во својот поздравен спомен кон сите жртви за слободна Гевгелија и слободна Македонија Марковски потсети дека „дејствата на Гевгелискиот партизански одред кај непријателот создаде голема загриженост и повод за репресивни дејства. Познато е палењето на селото Конско, како и стрелањето на деветмина родољуби од Гевгелиско во Мала река“.

Во текот на НОБ имаше и други жртви поради што присутните оддадоа едноминутно молчење во спомен, благодарност и респект за сета нивна вложеност и придонес за успешноста на македонската слободарска борба.

А.Д.

Би можело да ве интересира

Србин со нож ранил маж во кафеана во угостителскиот објект на бензинската пумпа во Јосифово

Горан Наумовски

ВИДЕО: Град со големина на орев го погоди Гевгелиско

Градоначалникот на Гевгелија префрлил 36.000 евра на ракометен клуб основан од татко му, обвинија од СДСМ

Орце Костов

Едно лице загина во сообраќајката на патот Гевгелија-Богданци: Се судриле четири автомобили

А1он

Сообраќајка на патот Богданци-Гевгелија: Сообраќајот во прекин, интервенираат пожарникари и полиција

А1он

Гевгеличанец си садел марихуана во двор – доби кривична и притвор

А1он