ФОТО: Нуркачите од Врело го чистеа Дојранското езеро

Од:

Десетина македонски нуркачи од спелеонуркачкиот клуб „Врело” во Дојран ја реализираа втората подводна акција за чистење на водите во светот, чистејќи го подрачјето на Дојранското езеро. По успешно завршената глобална акција во Охрид, каде од Охридското езеро беа извадени стотина килограми отпад, членовите на Врело, од Дојранското езеро извадија пластични шишиња, кеси, лименки од пијалоци и друг ситен пластичен отпад.


„За разлика од Охрид, констатиравме дека на дното на Дојранското езеро освен ситен отпад, нема поголемо загадување од крупен железен отпад, гуми и слични предмети, што е позитивно и добро за капачите на езерото и за граѓаните на Дојран. Но сепак и најмалиот отпад ја загадува околината и нашето секојдневно опкружување, па затоа уште еднаш ќе истакнам од потребата за подигање на свеста кај сите граѓани и стари и млади за зачувување на животната средина“, рече Киро Ангелески, претседател на клубот „Врело”. Следната дестинација во Македонија е Преспа, каде ќе се чисти Преспанското езеро.

Би можело да ве интересира

На „Дојран“ и „Табановце“ чекање до 40 минути, магла на Ѓавато и Пресека

Горан Наумовски

На граничните премини Дојран и Табановце се чека од 30 до 40 минути

На „Богородица“, „Дојран“ и „Табановце“ се 30 минути

ВИДЕО: Колони, гужви и чекање на излезите за Грција и на влез од Србија

Ангелов: Дејствуваат два „Ер трактори“, пожарот во Дојран до крајот на денот ќе биде под контрола

Горан Наумовски

Пожарот кај селото Николиќ во општина Дојран се прошири и на грчка страна