ФОТО: Ново паркиралиште покрај булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“

Од:

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и директорот на ЈП „Градски паркинг“ Борче Јакимовски денеска го пуштија во употреба новоизградениот паркинг-простор покрај булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, зад објектот на Автомото сојузот на Македонија.

Otvoren nov parking kaj AMSM (3)

– Со новоизграденото паркиралиште ќе стопанисува ЈП „Градски паркинг“ и таму ќе може да се паркираат 111 возила. Паркингот е со површина од 1.389 метри квадратни, а за реализација на овој проект  од буџетот на Град Скопје се издвоени 2,8 милиони денари.

– Со изградбата на овој паркинг на жителите на околните згради и на вработените во институции во негова близина ќе им се овозможи полесно наоѓање паркинг место. Град Скопје со финансирање на изградбата на нови паркинзи му помага  на ЈП „Градски паркинг“, рече Трајановски и додаде оти ЈП „Градски паркинг“ успешно стопанисува со постојните паркинзи.

Otvoren nov parking kaj AMSM (2)

Цената за паркирање на  паркингот ќе изнесува 25 денари од час, а за станарите на околните станбени објекти се обезбедени поволности, како и на преостанатите градски паркиралишта.

Otvoren nov parking kaj AMSM (1)

На изградба на ова ново паркиралиште работеа екипите на ЈП „Улици и патишта“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он