Колоната граѓани кои на повик на АЈДЕ протеститира против намерата на Уставниот суд да одобри амнестија за изборни криминали и педофилија пристигна во близина на судот.
Нив ги пречека силно полициско обезбедување кое не им дава да пријдат до Уставен суд, иако протестот е уредно најавен во МВР. Пред Уставниот суд се активисти на власта кои таму дојдоа уште пред неколку часа, и кои викаат дека ги бранат уставните судии, односно одлуката со која ќе се овозможи амнестирање на педофилија и изборен криминал.
Се извикува гласно “Уааа“ и “Лопови“ пред Музејот на ВМРО до каде е стигната колоната.Демонстрантите повикаа полицијата да не ги штити криминалците и да дозволи да поминат до пред зградата на судот.