Големото уво ве следи. На скопските улици и по институциите, граѓански активисти фатија на дело луѓе пратени од институциите да следат и да прислушуваат. Надзорот и прислушувачите се фатени на дело.
Џиновски уши и очи се забалежани пред Општина Центар. Исти такви ѕиркаат и наслушнуваат пред влезот на Хелсиншкиот комитет, потоа се обидуваат да го надзираат и прислушкуваат ЕУ Инфо центарот, се движат по улиците низ Скопје, а ги има и по канцалариите на иснтитуциите. Ниту редакциите на „Фокус“ и на „Порталаб“ не се без надзор од овие големи уши и очи.