ФОТО: На Водно се урна улица

Од:

При ископ за два станбени објекта на Водно, на улицата Славејко Арсов, се изронила голема маса земја со карпести камења, но паднла и дел од улицата над плацот.

При копањето, работниците предизвикале хаварија на водоводната цевка, која опслужува дел од оваа населба, но и на Црниче, пишува „Дневник“.

Поради тоа, патот кој ги поврзува општините Центар и Кисела Вода, е затворен за движење.

Нервозни жители од околните згради за весникот изјавиле дека дошла полиција и ставила знаци за забрането движење на неодредено време, а од одроните многу станови и куќи останале без вода, телефон, интернет, затоа што во дупката виселе скинати телефонски и оптички кабли.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан