Мустафа еф. Цериќ синоќа беше во Скопје, тој имаше свое предавање во просториите на општина Чаир на тема „Како и зошто“.
Цериќ зборуваше за будењето на Бошњаците во регионот и во Македонија. Еден од механизмите на сето тоа е и основањето на Бошњачката академија на науки и уметности.
Цериќ е поранешен Реис-ул-улема на Исламската зедница во Босна и Херцеговина, а беше прогласен и за еден од 50-те највлијателни муслимани од страна Кралскиот исламски истражувачки центар на Јордан.
Свое учество на трибината имаше и професорот по филозофија Ферид Мухиќ.