ФОТО: Министрите во локална кампања во Битола?

Од:

Министерот за земјоделство, Љупчо Димовски, и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, денеска во посета на Битола, заедно со градоначалникот Владимир Талески, промовираа неколку проекти во соработка со Општина Битола.

Најпрво актуелниот градоначалник заедно со министерот Миле Јанакиески на битолчани им ветија реконструкција на 100 улици низ Битола на само неколку дена од локалните избори.

А, потоа, Талески заедно со министерот за земјоделство промовира нацрт-план за откупни пунктови за земјоделски производи во заедничка соработка на Општината и државата.

sliki

Промовираа нацрт-план за откупни пунктови, каде што би привлекле нови инвеститори, кои би отвориле нови работни места во Битола.

Според препораките на ОДИХР министрите не треба да бидат дел од кампањата за локалните избори. Сепак, тие препораки не се почитуваат.

Во текот на наредните денови најавени се посети и на некој други министри од Владата на Р. Македонија во Битола.

Би можело да ве интересира

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

На овие избори во најголемиот дел работите ќе се решат уште во првиот круг, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно