ФОТО: Министерот Ристовски дел од кампањата на кандидатот за градоначалник на Кочани, Димитровски

Од:

Во Кочани и денеска можеше да се забележи присуството на високи функционери од централната власт. На примопредавањето на преадаптираните простории за детска градинка во кочанското село Бели, кои се сместени во подрачното училиште „Свети Кирил и Методиј“, присуствуваше и министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски.

spir (5)

Министерот Ристовски, во присуство на актуелниот градоначалник Ратко Димитровски, кој е во трка за нов мандат, присуствуваше и на пуштањето во употреба на новоизградената пристапна рампа за лица со хендикеп во библиотеката „Искра“ во Кочани.

spir (3)

Ристовски ги посети и просториите во кои треба да биде сместен идниот пензионерскиот дом, кој е дел од предизборната програма на Ратко Димитровски, а се лоцирани во населбата „Усова чешма“. Тој ја потенцираше грижата на Владата за пензионерите и ги потсети дека веќе денеска на нивните сметки ќе пристигнат зголемените пензии, кои ги обезбедила Владата на Република Македонија.

spir (4)

Станува практика актуелни министри во Владата на Република Македонија да бидат дел од предизборната кампања на кандидатите за градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кои своите сили со противкандидатите ќе ги измерат во вториот круг од локалните избори.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември