ФОТО: Министерот Џафери ги посети ренџерите кои се обучуваат да преживеат во природа

Од:

Министерот за одбрана на Република Македонија Талат Џафери денеска беше во посета на ренџерскиот баталјон кој се наоѓа на повеќедневна обука за преживување во природа на планината Бистра.

Оваа обука е неопходна бидејќи на припадниците на Полкот за специјални операции им овозможува да се справат со сите потреби во различни временски услови и на различни терени и да се снаоѓаат во природата, истакна министерот за одбрана, Талат Џафери.

Џафери посочи дека ренџерите совршено ги имаат совладано своите теоретски предзнаења и техники за снаоѓање и за преживување во природа и дека целосно ги имаат пренесено и во пракса.

Обуката на ренџерите содржи техники за подготовка и за поставување на камп, техники за ловење на диви животни и собирање на диви растенија, како начин на исхрана и нивно приготвување во природата.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски