(ФОТО) Макрадули: Се залагам за обединување на градот околу различностите

Од:

„Денеска би сакал да промовирам еден проект од мојата програма, а го поврзуваме и со средбата што ја имавме со Здружението „Мрежа во мултикултурно општество“ во кое членуваат сите заедници што не се дел од Уставот на Република Македонија.

Foto 1

Јас како иден градоначалник на Скопје преземам обврска во рамки на зградата на „Водовод“ да биде сместен Интеркултурниот дом како дел од мрежата за мултикултурно општество. Преземам обврска една улица што носи име „Василије Вако Ѓуровиќ“ по човек кој во 1936 година учествувал на демонстрации заедно со Цветан Димов и Орце Николов да биде вратена и преземам обврска да во Старата скопска чаршија организираме културна недела на заедниците кои што се од оваа мрежа.

Foto 2

На конвенцијата ветив дека ќе ги рушиме ѕидовите во Скопје, ќе го рушиме и ѕидот на нетолеранција. Јас се залагам за обединување на градот околу различностите. Различностите носат нов квалитет. Тоа ќе го направиме со низа мерки, а најголемиот симболички доказ ќе биде пешачката зона или пешачкиот проспект што го предлагам, од Музејот на град Скопје до Старата скопска чаршија во која што ќе се најдат и три подземни улици.

Foto 3

Овој пешачки проспект не само што ќе не спојува физички, туку ќе не спојува културно и ќе биде симбол на обединувањето на Скопје. На Скопје му треба еден плоштад, еден мост и едно заедничко живеење на граѓаните на Скопје.

Pesacki prospekt

Сметам дека ова ќе наиде на широка поддршка, ова на Скопје му треба, ова на граѓаните на Скопје им треба“, рече Јани Макрадули на денешната пресконференција.

Би можело да ве интересира

Државната каса била главен спонзор за изборните кампањи на Парламентарните избори 2024 година

Орбан: Ќе победиме на следните избори, нема сомнение

Вучиќ во живо ги објави резултатите: Убедлива победа на СНС во Косјериќ

ВМРО-ДПМНЕ нема никаков проблем да поддржи една изборна единица

Горан Наумовски

Томислав Томашевиќ убедливо победи во Загреб со над 30.000 гласови повеќе од Марија Селак Распудиќ

Горан Наумовски

Анкети: Tрзасковски тесно води на претседателските избори во Полска со 50,17 проценти од гласовите

Горан Наумовски