ФОТО: Макрадули и Наумовски на средба со граѓаните

Од:

На барање на жителите на МО Волково кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Јани Макрадули и кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров Александар Наумовски, остварија средба со граѓаните.

На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба во државата. Присутните го искажаа својот револт, од како што велат ненародната власт и погрешната насока во која се движи државата.

Се поголемата невработеност, енормно- големите казни и иселувањето на младите во странство за подобра иднина беа дел од искажаните проблеми.

Jani 2

Освен незадоволството од централната власт го искажаа и незадоволството од локалната власт во Ѓорче Петров, покрај селективност во работата на владата постои и селективност во општината. Нивните улици се неасфалтирани, немаат фекална канализација, а притоа и платиле самопридонес од причина што не се членови на ВМРО ДПМНЕ.

Жителите на Волково ја искажаа и својата поддршка за истрајноста на раководството на партијата во битката за слобода и демократија.

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада