(ФОТО) Куманово: Жени од СДСМ го посетија Домот за стари лица „Зафир Сајто“

Од:

Од Форумот на жени на СДСМ од Куманово, по повод претстојниот празник 8-ми март, денеска ги посетија штитеничките на услугите на домот за стари лица „Зафир Сајто“.

Тие имаа можност да разговараат со корисничките на услугите во домот и да им ја пренесат празничната атмосфера.

– Со разговор со вработените и штитеничките на домот се обидуваме да им го честитаме празникот, да внесеме свежина, радост во нивните животи, денови и на тој начин да им обрнеме внимание-изјави Лидија Тасевска, заменик координатор на Форумот на жени на СДСМ од Куманово.

11040364_10206157308237608_1384345523_n

Инаку форумот како и претходните години и оваа ќе организира низа активности за да го одбележи празникот на жената. Координаторката на форумот, Атина Мургашанска истакна дека утре на Градскиот плоштад во Куманово ќе се одржи хуманитарен базар.

11016601_10206157308197607_1765297166_n

– Ги повикуваме сите наши членки, симпатизери и сите граѓани на Куманово да дојдат од 12 до 15 часот и со своите креативни изработки, ракотворби, специјалитети да придонесат да се соберат средстава, кои ќе бидат наменети за семејства на кои им е потребна оваа помош-изјави таа.

11051435_10206157308117605_512377377_n

Инаку Форумот на жени на Куманово ќе учествува на маршот кој што го организира Социјалдемократскиот сојуз, а кој е планирано да се одржи на 8-ми март во Тетово. Од Куманово е планирано да заминат 500 членки, а за сите заинтересирани граѓани има организиран превоз.

961603_10206157308277609_1608085039_n

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски