ФОТО: Вечерва ќе се дежура во Куманово

Од:

Општинскиот кризен штаб попладнево во Куманово одржа седница на која што расправаше за справување со излевање на водата од речното корито. На седницата градоначалникот, Зоран Дамјановски и претставници на надлежни институции заклучија дека е потребно итно расчистување на речните корита од бујната вегетација.

Но за да се стори тоа, најпрвин е потребно општината да добие дозвола од надлежните министерства.

10805013_10205281351339233_554803145_n

-Ние доставивме барање, за да се дозволи да влеземе со механизација да го прошириме речното корито, да ја извадиме таа вегетација која што е дива и на тој начин да го намалиме можното зголемување на вода-изјави градоначалникот Дамјановски.

Тој додаде дека во овој момент не може да се зборува за системско решавање на проблемот, бидејќи речното корито поминува низ урбан дел на градот, а за тоа ќе биде потребна голема експропријација, издавање на дозвола, ревизии и слично.

10811502_10205279480852472_1492110177_n

-Утре ќе се интервенира на критичните точки кај локалитетот „Водовод“ во населбата Средорек, каде се лоцирани дивоградбите, кои го стеснуваат речното корито. Ќе се работи до самото соединување на Кумановка и Којнарка, со што ќе се овозможи проширување на коритото и ќе се спречи можноста за излевање на реката на улицата „Никола Тесла“, каде што денеска имаше најмногу поплавени домови-додаде тој.

 

Иако од штабот најавија дека водостојот на реките опаѓа, екипи од општинските јавни претпријатија и од Територијалната противпожарна единица во тек на ноќта ќе дежураат и ќе реагираат, доколку има излевање на речното корито.

10818569_10205279480652467_106503735_n

Од општината соопштија дека е во тек и набавка на пумпи и други материјални средства, а претседателот на Советот на Општина Куманово, Максим Димитриевски најави дека утре ќе одржи вонредна седница за ова прашање.

 

Е. Г.

Би можело да ве интересира

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Кандидатката за градоначалник на Куманово од „Искуство за успех“ вети три клучни проекти за развој на Куманово

Стоиљковиќ: „Братска листа“ во Куманово ја сочинуваат луѓе со интегритет, познати лица и професионалци

Шаини: Лага е дека мојата сопруга сака да ме убие

Горан Наумовски

Уапсена е сопругата на докторот кој вчера беше застрелан во Куманово, напаѓачот е во бегство

А1он

Докторот Шаини кој вчера беше ранет во центарот на Куманово е пуштен на домашно лекување