ФОТО: Кумановец доби 13 години затвор поради кражба на 100 евра

Од:

Исмет Шаиновски, татко на 21-годишниот Бирсан Сејфула, пред Основниот суд во Куманово денеска го изрази своето незадоволство, затоа што неговиот син е осуден на затворска казна од 13 години, за сторено кривично дело разбојништво.

Имено тој тврди дека неговиот син воопшто не е вмешан во групното разбојништво, кое што се случило во март годинава на спортскиот аеродром Аџитепе во Куманово, при што четири лица, меѓу кои според судот е и Бирсан, нападнале тројца имигранти од Авганистан и им украле 100 евра.

Синот на Исмет се уште се наоѓа во притвор во Шутка, каде што ќе биде до донесување на правосилната пресуда, додека на малолетниот брат на Бирсан, кој исто така е осомничен за делото, му е доделена алтернативна мерка, засилен надзор од родители, а по две лица се уште се трага. Инаку како што дознавме судот му предложил на Бирсан да ја признае вината и веднаш да започне да ја извршува казната затвор, со што истата ќе биде намалена за три години.

Screenshot_4

-Човек кој што убил не добива толку голема затворска казна. Ние Ромите сме маргинализирани, јас сум во шок. Во полиција го тепаат за да го признае делото. Тие тврдат дека имал пари, тој немаше пари ниту за цигари. Син ми во тој момент бил на Градскиот кеј и во Спортската сала, имаше еден сведок, но него судот не го прифати. Пресудата му се изрече внатре, нас како родители не ни дозволија да влеземе и да ја слушнеме истата-изјави таткото на Бирсан и најави дека ќе се жалат до Апелационен суд.

Адвокатот на Брисан, Марјан Витановски изјави дека првостепената одлука на Основниот суд во Куманово е донесена врз основа на доказот препознавање. Тој додаде дека во овој случај е направена дискриминација, затоа што за кражба од 100 евра, без оглед врз кои лица е направена, се суди како за убиство.

– Има многу правни неразјаснети моменти, кои што ќе се обелоденат во јавноста по објавување на жалбата до Апелационен суд, наредна недела. Но, како е можно имигрантите слободно да шетаат, нели треба да бидат во прифатен центар и како може на нив да им се верува, а не и на Бирсан-наведе тој.

Незадоволство од пресудата, со краток собир пред Основниот суд во Куманово денеска изразија и педесетина граѓани од ромска националност.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра