ВИДЕО: Конвенција на „Сојузот за иднината“ во Битола

Од:

Во еуфорична атмосфера, пред преполната сала во хотел Епинал, „Сојузот за иднината“ во Битола вечерва ја одржа својата конвенција на која се промовираа кандидатот за градоначалник Менде Диневски, листата на советници предводена од Васко Ковачевски и изборната програма.

Конвенцијата започна со младите, кои ја претставува „движечката сила на патот до победата“.

bitola-konvencija (2)

На конвенцијата беа промовирани и видеоспотови и 3Д-анимации за приоритетните проекти на кандидатот Менде Диневски од изборната програма. Пред присутните најпрво се обрати носителот на советничката листа Васко Ковачевски:

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

„Вечерва, како во оваа сала така и во нашата Битола, гледам луѓе сплотени и единствени. И од левицата, и од десницата, па и од центарот. Па, вечерва во првите два реда од оваа сала има повеќе битолчани отколку вчерашниот митинг на ДПМНЕ. Оваа листа ги спои младоста, искуството и знаењето. Младите ќе ја покажат својата креативност и енергичност и ќе го вратат младешкиот дух на Битола, а нашите идни советнички ќе се залагаат за европските критериуми за правата на жените и семејните вредности.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

– Сите ние како идни советници ќе ги слушаме проблемите на нашите сограѓани и заедно со Менде неодложно ќе ги решаваме“, изјави Ковачевски

Потоа свое излагање имаше кандидат за градоначалник Менде Диневски.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

„Битола е нашиот дом! Град кој со љубов и посветеност е граден низ вековите. Место со душа и шмек, со кое ние битолчани сме бескрајно горди. Токму затоа, драги битолчани – време е! Време е заеднички да се избориме за нашата иднина и на нашите поколенија да им оставиме општина во која вреди да се работи и живее, да се основа семејство и да се старее“.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Диневски понатаму во својот говор промовираше дел од најважните приоритети, кои се дел од изборната програма: гасификација на Битола по примерот на Струмица и Куманово; изработка на нов Генерален Урбанистички План со што ќе се овозможи севкупен развој на Битола; изградба на современ затворен градски пазар; изградба на повеќенаменска сала за спортски, културни и музички настани со што битолчани ќе имаат репрезентативен објект за овој тип на манифестации; ееконструкција на градскиот стадион под Тумбе Кафе кој е заборавен од страна на актуелната власт.

„За таква општина вреди да се живее и за таква општина вреди да се бориме! И ќе се избориме, и заеднички ќе започнеме неуморно да ја градиме нашата Битола! Иднината сега! Време е!“, заврши Диневски.

Би можело да ве интересира

Државната каса била главен спонзор за изборните кампањи на Парламентарните избори 2024 година

Орбан: Ќе победиме на следните избори, нема сомнение

Вучиќ во живо ги објави резултатите: Убедлива победа на СНС во Косјериќ

ВМРО-ДПМНЕ нема никаков проблем да поддржи една изборна единица

Горан Наумовски

Томислав Томашевиќ убедливо победи во Загреб со над 30.000 гласови повеќе од Марија Селак Распудиќ

Горан Наумовски

Анкети: Tрзасковски тесно води на претседателските избори во Полска со 50,17 проценти од гласовите

Горан Наумовски