Седум лица повредени, меѓу кои и тримесечно бебе откако комбе удри во кабина на патарина

Од:

Седум лица, меѓу кои и тримeсечно бебе се повредени во сообраќајка кај патарината кај селото Глумово. Комбе со скопски регистарски ознаки со голема брзина удрило во кабина за наплата, а потоа во автомобил, во кој се наоѓалe пет државјани на Албанија меѓу кои и тримесечното бебе.

Сите се пренесени на Клиничкиот центар во Скопје.

Вработен на патарината на автопатот Тетово – Скопје изјавил дека од ударот во кабината повреден е и еден од вработените на патарината, но е надвор од животна опасност.

Полиција дошла на местото на настанот за да изврши вештачење, но според неофицијални информации, на комбето не му функционирале сопирачките, бидејќи на асфалтот нема траги од кочење.

Несреќата се случила околу 13 часот, а од полицијата велат дека полициски, противпожарни и екипи на итна медицинска помош се на терен, по што се очекуваат повеќе детали.

Би можело да ве интересира

Почина 34-годишник во сообраќајка на патот Виница – Берово

А1он

Тешка сообраќајка кај Кучевиште: еден загинат, еден тешко повреден

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Детали за сообраќајката на влезот во Скопје, тешко повреден е 25-годишник

Катерина Ѓуровски

Изгореа камион и автомобил кај Хиподром, сообраќајот е пренасочен

Катерина Ѓуровски

Сообраќајка меѓу три возила на експресниот пат Кочани – Штип

А1он

Прегазен е малолетен пешак во скопско Визбегово

А1он