ФОТО: Коце Трајановски за прв пат до средно Водно на велосипед

Од:

По повод Европската недела на мобилноста, денеска градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски се качи на Водно со велосипед, првпат во својот живот.

На паркингот на Средно Водно денеска се одржа големиот велопикник, како дел од активностите во вториот дел од Европската недела на мобилноста 2017.

По пристигнувањето на паркингот на Средно Водно, велосипедистите и рекреативците имаа можност да погледнат промоција на велосипедските продавници и сервиси во Скопје, промоција на (не)формалните велосипедски водичи, да го истражат Водно со велосипед или пеш да уживаат во музичката програма со диџеј и многу други активности.

Минатата година Градот Скопје беше најуспешен и се вброи меѓу трите европски града со најдобри решенија за одржлива мобилност во трката за наградата на Европската недела на мобилност 2016, заедно со градовите Малме и Лисабон.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош