ФОТО: Коце изврши увид на асфалтирањето на булеварот „Борис Трајковски“

Од:

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски изврши увид во градежните работи на втората делница од проширениот булевар „Борис Трајковски“ кој во изминативе денови се асфалтира во должина од 1.126 метри, на потегот од крстосницата со булеварот „Србија“ до влезот во поранешната фабрика „Стакларница“.

Во наредните неколку дена, Град Скопје соопшти дека на оваа делница од булеварот ќе се нанесува завршниот слој асфалт, поради што на сообраќајницата ќе се воведе привремен сообраќаен режим.
Викендов возилата ќе може да се движат по десните две коловозни ленти (гледано од Скопје кон Драчево). Во вторник и среда возилата ќе може да се движат по левите две коловозни ленти (гледано од Скопје кон Драчево).

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да покажат разбирање додека трае асфалтирањето во своето движење да ја користат околната патна мрежа. Возачите да се придржуваат на поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.

Жителите на околните приватни куќи да не ги паркираат своите возила на приодите кон коловозот за да се овозможи побрзо и поквалитетно завршување на градежните работи.

Би можело да ве интересира

Шукова ја објави својата кандидатура за градоначалничка на Скопје

Пожар во центарот на Скопје, седум лица побарале медицинска помош

Земјотрес во Косово, почувствуван во Скопје

„Водовод“: Можни се појави на намален притисок и прекини на водоснабдувањето во одредени делови на Скопје

48-годишен маж пронајден мртов во стан во Скопје

Пет пожари се активни на територијата на Град Скопје