(ФОТО) Китев: Барам ТВ дебата за да имате претстава кој е аутсајдер, а кој градоначалник по мерка

Од:

Вчера вечер во Кавадарци се одржа трибина, на која Бетиан Китев, кандидатот за градоначалник на Кавадарци, од Сојузот за иднината, ја промовираше листата за советници и неговата програма.

„На митингот во четвртокот истури дожд, а денес на оваа нова промоција почна да врни снег. Па треба ли уште докази за тоа кој се новите победници во Кавадарци! Храбри сте сите вие кои денес сте тука присутни и покрај сите притисоци, закани, уцени од власта. Јас ви честитам и ви изразувам голема благодарност.

kitev-tribina (2)

– Секаде во овие шест месеци од кога сум кандидиран за градоначалник говорам дека народот не треба да се плаши од власта на Груевски, туку обратно, Груевски да се плаши од силата на народот затоа што позади параванот никој не гледа за кого заокружувате.

– Дефинитивно Кавадарци бара промени. За да ставиме крај на политиката која ја гуши слободата и ги ништи нашите перспективи. Ја преплавија администрацијата и општината со партиски послушници, барем да беа со соодветно образование.

– Со години студираат , сега одвај дипломирале и ни држат лекции за ВМРО и за тоа како Талат Џафери бил фин човек иако бил командат 2001. Од ова нивно лицемерие доста ни е.

– Наместо да се справуваат со економијата, да ја подобрат ликвидноста на фирмите, ВМРО-ДПМНЕ упорнон и упорно троше пари на споменици на Александар Македонски. Цела среќа што немал поголема фамилија кај ќе ни беше крајот.

– Што се слуќува на локално ниво во Кавадарци вбо изминативе четири години?

kitev-tribina (1)

– Статистичките податоци покажуваат дека последната влада на СДСМ во 2006 година оставила 240 илјади хектари со лозови насади во Македонија, а сега имаме двојно помалку или 110 илјади хекатри,. За какви субвенции зборуваат. За какви дела говорат. Секој месец се земаат кредити за да се исплатат плати и пензии. Секој месец се трупаат нови долгови. Слушнав една мудра изрека, ако немате земено кредит не се грижите, Груевски земал за вас.

– Во овие четири години не се водеше грижа ниту за женската кошарка, ниту за ракометот. Општината има ресурси да ги помага клубовите и на тој начин да создаде кавадаречки брендови. Не би бил јас тој кој сум ако не ги спомнам најважните, најверните на спортските клубови а тоа се лозарите. За нив новиот градоначалник ќе има секогаш слух за потребите како навивачка група. Мој приоритет и заложба како поранешен спортис ќе биде враќањето на спортот во Кавадарци. Ќе инсистирам како градоначалник да се обноват младинските школи во сите екипни и поединечни спортови. Не ви ветувам лига на шампиони, ама ви ветувам дека проблем со редовните плати за фудбалерите повеќе нема да има.

– Денес градоначалниците не се третираат дали се успешни или не по бројот на асфалтирани улици и потпорни ѕидови, денес успешен градоначалник е оној кој успева да ги пронајде младите таленти и да ги задржи во Кавадарци.

kitev-tribina (4)

– Една локална власт, еден градоначалник мора да мисли на својот град и своите сограѓани. Ви ветувам дека со мојот избор ќе ја намалиме цената на водата а ЈП Комуналец со домаќинскo раководење ќе го направиме вистински сервис на граѓаните.

– Ќе сториме се за да прекине процесот на иселување на младите од Кавадарци. Селата нема да бидат заборавени, пред носењето на секој буџет ќе ги консултираме раководствата на урбаните месни заедници. Ќе сториме се Бошавијата, таа прекрасна природа да ја надополниме со добри патишта, водовод и дневни центри за сите наши сограѓани кои живеат таму. Нема да бидат заборавени Глишиќ, Марена, Сопот. Врвен приоритет ќе биде завршувањето на колекторот и конечно решавање на тој проблем.

– Ќе направиме целосна гасификација со сите јавни претпријатија и основни и средни училишта, покриен и модерен градски зелен пазар за да не мрзнеат пазарџиите во зима, катна гаража за 150 возила и паркинг за тешките возила.

– За сето ова да се случи нас ни треба победа. Ја барам вашата подршка за градоначалник , ја барам вашата подршка за советничката листа чиј носител е Зоран Бањански. И сосема за крај, шест месеци ги слушам ов ДПМНЕ како зборуваат дека кандидатот на СДСМ е млад, кандидатот на СДСМ е млад, неискусен, неженет, кандидатот на СДСМ не го бива…

– Ако сум млад, неискусен, без концепт, тогаш ајде нека прифати кандидатот на Груевски ТВ соочување и нека ми каже се во очи. Не барам ТВ дебата за навреди, не барам тв дебата за кој повеќе го сака Кавадарци, Барам ТВ дебата за овој народ, за сите вие да имате јасна претстава кој е аутсајдер, а кој градоначалник по мерка“, изјави Бетиан Китев на трибината во Кавадарци.

Би можело да ве интересира

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

Анкети: Екстремно десничарската Партија на слободата на Австрија победи на изборите

ВИДЕО: Го натераа Џо Бајден да стави капа „Трамп 2024“

Единствена Русија прогласи победа на регионалните избори