ФОТО: Како ВМРО-ДПМНЕ регрутира студентски гласови?

Од:

УМС на ВМРО – ДПМНЕ од Пробиштип и Кочани организирале политички забави со советници и градоначалници, во студентските клубови кои се дел од домовите „Гоце Делчев“ и „Пелагонија“.

Иако тоа е забрането и казниво со Закон, членовите на ВМРО-ДПМНЕ, преку делење бесплатни пијалaци купувале студентски гласови за време на локалните избори, одржани во Март, годинава. Нејасно е кој ги платил трошоците за ваквите забави и нивното организирање.

golemastudentska
Организираната забава во „Гоце Делчев“ се одржа на 20. Март, на само четири денови пред локалните избори. На фотографиите кои се објавени на фејсбук профилот на УМС ВМРО-ДПМНЕ – Пробиштип, се гледа присуство на симпатизери на владејачката партија. Меѓу нив е и лицето Александар Стамболиски, кој со одлука на Општинската изборна комисија на 5. Февруари, е избран за претседател на избирачкиот одбор на изборното место 1561 за с. Стрисовци во Пробиштип.
aleksandarstamboliski30
Воедно, на оваа партиска забава се истакнувани и партиски знамиња на ВМРО – ДПМНЕ, иако е строго забрането партиски симболи и обележја да се истакнуваат во домовите.

Претседател на Советот на станари во студентските домови „Гоце Делчев“ е Ненад Станоев, кој инаку потекнува од Пробиштип. При повеќекратното контактирање на Станоев, наместо да одговори на поставените прашање, тој упорно прашуваше зошто не интересира работата на клубот во „Гоце Делчев“.

Сепак, неговиот лик се појавува на следната партиска журка, наменета за студентите во домот „Пелагонија“, заедно со претседателот на Советот на станари на овој дом, Ванчо Мисевски.

fbpartiskistudentski umskocanizabava umskocanizabava1 vanconenad

На 22. Март годинава, само два дена пред одржување на првиот круг од локалните избори, студентите добија и бесплатно организиран превоз за враќање дома и гласање од ВМРО-ДПМНЕ. Голем дел од студентите кои живееја во домот „Кузман Јосифовски – Питу“ го искористија моментот со неплаќање карти, за да се вратат во своите родни краеви.

studentidoma studentidoma1

Според Законот за студентски стандард, кој е донесен во јануари годинава, на студентскиот дом му следува прекршочна казна од 3.000 до 5.000 евра доколку дозволи организирање и дејствување на политички партии и истакнување партиски обележја.

За истите прекршоци, Законот предвидува и оставка на директорката Даниела Темелкова, која пред точно четири дена е назначена на оваа функција. Досега, таа ја извршуваше функцијата на в.д. директорка, по оставката на претходниот директор, Крешимир Павиќ.

Речиси повеќе од две недели, редакцијата на А1он неуспешно се обидува ја контактира Темелкова, која или е излезена од канцеларија или е на семинар. Директорката остана должна со одговори на прашањата зошто во студентските домови се организираат партиски забави, кога тоа е спротивно на Законот.

Инаку, името на Даниела Темелкова се појавува во годишниот извештај на Државниот завод за ревизија во 2011 година, како донор за политичката партија ВМРО-ДПМНЕ со 60 илјади денари.

tabela-3i

Став за организирањето партиски забави по домовите побаравме и од претседателот на СПУКМ, Кирил Спировски. Но, Спировски негираше дека вакви случувања се присутни во домовите и не обвини дека претеруваме со политички поврзувања на студентите и побара  да се стави крај на тоа.

– Политичко организирање и дејствување по домовите нема, а доколку во клубовите се нашле неколку студенти станари кои се приврзаници на левицата, десницата или центарот, тоа не значи веднаш дека треба да генерализираме дека забавата е партиска, односно дека со такви цели била направена – реагира Спировски.

Воедно, прашан за постоењето на политички влијаниа во домовите и молкот на студентите, тој се огради од секаква партиска припадност, туку дека припаѓа во партијата на студентите.

– Се оградувам од секакви политички етикети и влијанија кои ги напоменувате во било кој контекст. Јас сум од партија, но од партијата на студентите, која ги штити интересите на студентите и се бори за нивните права. Сметам дека логичките следства на поврзување на СПУКМ со некоја партија се клише и чукна часот истите да се завршат – потенцира Спировски.

Но, информациите говорат нешто друго. „Плусинфо“ на само два дена пред одржување на студентските избори на СПУКМ, објави фотографија, во која самиот Спировски е сликан со програмата на ВМРО-ДПМНЕ во рака, со што манифестира симпатии кон владејачката партија.

umsss

Од Министерството за образование и наука, пак, воопшто не се запознаени со организирањето партиски забави, а од таму велат дека МОН нема добиено никакви пријави по овој основ.

– Во студентските домови се сместени лица коишто имаат граѓанско право да се определат за одредена политичка опција. Но, политичко делување и организирање на забави со политичка димензија е строго забрането и казниво – изјави потрпаролот, Давор Политов.

Според член членот 40 од Законот за студентски стандард, на директорот на студентскиот дом му престанува мандатот, доколку направи повреда при извршување на закони, не ја оствари програмата за работа на домот, по негова вина е нанесена штета на студентскиот дом и студентите, како и дозволување на активности кои се во спротивност на програмата за работа.

Петар Клинчарски

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лефков: Аврамовска Мадиќ не може да е ново лице во СДС

ВМРО-ДПМНЕ: Аврамовска Мадиќ ја интересираат само големи месечни хонорари и местење милионски тендери

Стојаноска: 250 милиони евра годишно ќе одат за општините, а СДС додека беа на власт камче не фрлија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче, неврохирургот на Заев и 40 потрчковци е само синоним за починати граѓани и криминал

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Поради криминалното работење на СДС и ДУИ во енергетскиот сектор, граѓаните плаќаат скапа електрична енергија

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата